Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем
Ѓуллу, која веќе четири години работи во областа на културата и туризмот во Северна
Македонија, Албанија и Косово, беше во проштална посета на Министерката за
култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Чигдем Гулу, која истовремено е уметничка ѝ подари едно од своите уметнички дела на министерката Костадиновска-Стојчевска.
На билатералната средба беше истакнато дека меѓу Турција и Македонија постојат
силни културни врски од минатото и дека треба да се продолжат напорите во секое
време и во сите области за тоа да се зачува. Истакната беше и потребата од развивање
на соработката во нови области кои се директно поврзани со културата, како што се
авторските права