Брат му пукаше, а него му ја земаа фотељата – Арсовска го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/22 10:41 AM

Брат му пукаше, а него му ја земаа фотељата – Арсовска го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат од Град Скопје.

-Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност, се вели во соопштението од градоначалничката Арсовска.