Страв имам само од Господ ама вечерва некој требаше да биде убиен, рече Мицкоски – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/22 10:59 PM

Страв имам само од Господ ама вечерва некој требаше да биде убиен, рече Мицкоски

Ова го говорам со ладна глава и повик за смиренст во овие тешки времиња, рече Христијан Мицкоски вечерва на вонредната прес конференција.

Тој додаде дека ова е класична полициска монтажа чија цел беше или убиство на некој недолѓжен граѓанин или мое. Ова требаше да личи на меѓуетнички конфликт а не е ништо друго освен борба за фотељи, за гола власт, рече тој и додаде:

„Подолго време добивам неформални информации за моја елиминација по нарачка на власта. Не придавав значење. Вечерва видовме дека беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше на местото. Се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власта. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели,  жртви. Откако не им успеа, вечерва го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Погледнете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Тој беше насочен за губење на невин човечки живот. На овие слики не е најважна етничката припадност, гледаме криминалци, хушкачи, кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка за нашата иднина, наша и заедничка низ вековите. Порака до Македонците е да останеме мирни, знаеме за што се бориме”, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема да се повлече, напроив помасовно продолжуваат утре. А се што до сега го добил како закана било пријавено во МВР, но никој не постапил и веќе кренал раце.

На новинарско прашање дали е свесен дека со пораката на Фејсбук може да испровоцира повеќе луге, особено што човекот е познат член на политичка партија. , тој рече:

Подолго време добивам информации што треба да се слуи. И нема проблем, еден е Христијан и да е тука и да не е тука народот нема да се повлече. Денес не зборувам со политички, туку човечки речник. Дали е член на партија или не не ме интересира. Тој човек треба да одговара. И родена сестра да ми е ако сторила криминал ќе одговара. А овој човек стори и треба да одговара, кажа тој и додаде:

-Се што сум добивал сум ги пријавил последните години. За жал до ден денес никој не постапува. Сум кажал дека немам обезбедување, укинато ми е и немам намера да барам, а и да ми биде понудено ќе го одбијам. Како татко и родител сум загрижен, но не се плашам ама сум загрижен. Се плашам само од еден, а тоа е Господ, додаде Мицкоски.