Дојдов со една цел, да ви кажам неколку работи и ве молам да не ме гаѓате со лименки. Дојдов да ви кажам неколку работи, рече актерката Весна Петрушевска вечерва пред Собрание.
– Прво општествена одговорност е секој културен работник, актер, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот.Никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи тоа е нашата тврдина и со него војуваме. Ние сме супер народ, Ние сме само обесправени. Ние сме виновни затоа што сме тука. Ние дозволивме да нè шетаат и да уринираат по нас. Не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик – рече Петрушевска вечерва пред Собрание.