(Видео) Во школо ја викале жирафа, а денес е една од најубавите модели – Која е тајната на убавината на Изабел Гулар – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/22 8:00 PM

(Видео) Во школо ја викале жирафа, а денес е една од најубавите модели – Која е тајната на убавината на Изабел Гулар

Познатата „Ангел на Викторија“, Изабел Гулар (37) е позната по тоа што е една од најатрактивните и најзгодни топ модели на денешницата.

Бразилската убавица каде и да се фотографира ги привлекува машките воздишки. Така беше и на одморот во Миконос, каде папараците ја уловија како ужива во бикини.

Многумина се воодушевени од нејзината фигура и се прашуваат како таа успева да биде во топ форма на завидно ниво. Како што еднаш откри, тајната за нејзиниот совршен изглед е правилната, урамнотежена исхрана и напорното вежбање.
“Тренирам како да сум професионалец во тој спорт. Ако имаш фокус, мотивација и посветеност, можеш да ги постигнеш своите цели“, јаглени хидрати и зеленчук. Кога јадам во ресторан, се трудам да биде што е можно поздраво“, зборуваше таа еднаш за своите навики.
Изабел откри дека се труди да готви секој ден кога и да е дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

Утрото го започнувам со овошни, зеленчукови и протеински сокови“, познатата топ моделка која открива и дека од исхраната го исфрлила лебот и брашното.

– Се трудам храната што ја ставам во мојот организам да биде: протеини, јаглени хидрати и зеленчук. Кога јадам во ресторан, се трудам да го направам што е можно поздраво“, рекла Изабел.
Манекенката тренира по еден час секој ден. Често оди на пливање, часови по кик-бокс и трча.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)


Изабел Гулар почнала да се занимава со манекенство кога имала само 14 години, а ги красела насловните страници на бројни светски списанија, а со години била и ангел на Викторија.

Гулар пораснала во предградието на Сао Паоло со четворица браќа и една сестра, а во интервјуата често изјавувала дека најтешкото нешто во нејзината кариера е да биде далеку од кујната на нејзината мајка и да не може да поминува време со сестра и и браќата. Иако денес е една од најуспешните манекенки во светот, Изабел немала лесно детство. Поради нејзината витка линија, децата од училиште ја исмејуваа, а често ја нарекуваа и „жирафа“.

ИЗвор: курир.рс

Фото: Инстаграм