Српската фолкерка, Сека Алексиќ директно од Миконос се упатила кон Будва, каде викендов имала закажан настап.
Сека на „Твитер“ објави видео на кое се гледа како појадува леб и ајвар на аеродром, а во еден момент вели: „Миконос му е скап на ј…а“.
Ajvar bato 😂 @stanislavzakic pic.twitter.com/g11oLcKEzn
— Seka Aleksic (@poslednjilet) July 2, 2022
Имајќи предвид дека неодамна на одредена Американка во ресторан на Миконос и наплатиле дури 600 евра за порција рак (две нозе) и два коктели (сок, малку алкохол и многу мраз), од кои 80 евра било бакшиш кој и бил додаден без да ја прашаат, не, чудно е што Сека веднаш по заминувањето од Грција почнала да јаде леб и ајвар…