Ме лажеше и ми се закануваше – Рики Мартин оди на суд, на бившата менаџерка и должел три милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/22 8:00 PM

Ме лажеше и ми се закануваше – Рики Мартин оди на суд, на бившата менаџерка и должел три милиони долари

Поранешната бизнис менаџер на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи се да го врати делот од парите што ги заслужува, пишува ТМЗ.
Ребека Дракер во правните документи навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно бил ангажиран по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“.

Поранешната менаџерка тврди дека таа е одговорна за тоа што неговиот живот и кариера се вратиле во нормала. Таа ги подмири неговите договори поврзани со пишување песни, турнеи и спонзорства и му помогна да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со колегата и пејач Енрике Иглесијас (47).
Дополнително, Дракер изјави и дека токму таа го заштитила во 2020 година, кога му се заканувала прекин на кариерата бидејќи ангажирала врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излезе неповреден.

За сиот труд таа требало да добие провизија од три милиони долари, која Мартин никогаш не и ја дал. Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се откаже од соработката во април годинава.

Кога останала на тоа да си ги добие парите, Мартин наводно почнал да и се заканува дека ќе ја замолчи и барал да потпише договор за доверливост, што таа го одбила.

Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари, плус судска отштета.

ТМЗ се обиде да стапи во контакт со пејачот, но тој сè уште не одговорил.

Извор: курир.рс