Да се забрани вијаграта, Божја волја е кога ќе ви стане млитав – Актерката Бет Мидлер против забраната за абортус во САД – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/22 8:00 PM

Да се забрани вијаграта, Божја волја е кога ќе ви стане млитав – Актерката Бет Мидлер против забраната за абортус во САД

Коментирајќи ги неодамнешните измени во законот за абортус во САД, Бет Мидлер го сподели својот став на социјалните мрежи.
„Време е да се забрани вијаграта. Ако бременоста е „Божја волја“, тогаш Божјата волја е и вашиот млитав пенис“, напиша актерката.


Објавата се однесува на одлуката на Врховниот суд на САД која го отвори патот за силно ограничување на пристапот до абортус, а беше поддржана од многу корисници на Твитер.

Мидлер е прилично гласна за ситуацијата со абортусот во Америка. По пресудата со која Врховниот суд ја поништи пресудата на Ро против Вејд од 1973 година, актерката на Твитер напиша дека Врховниот суд е глув „за волјата, па дури и за реалните потреби на американскиот народ“.

Фото: Јутјуб