Дали клима уредот е безбеден за бебињата? Која е идеална температура за нив? – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/22 6:00 PM

Дали клима уредот е безбеден за бебињата? Која е идеална температура за нив?

Многу родители се во двоумење.

Со оглед на тоа што температурите во лето се навистина високи, сите бараат начин да се разладат што е можно побрзо.

Клима уредот е најделотворно средство.

Многу родители се во двоумат дали треба да се користи клима уред во просторијата во која престојува бебето. Вистина е дека со претерување во разладувањето на просторијата и правење на вистинска разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура, не е добро за никој, а ни за малите бебиња.

Потребно е да се биде умерен, Надворешната и внатрешната температура не смее да се разликува повеќе од 10 степени. Со тоа неопходно е да се одржува редовна хигиена на клима уредот, за да се отстранат потенцијалните опасни бактерии.

Ви се препорачува во исто време додека работи клима уредот, да биде отворен и прозор, за да температурата во просторијата биде оптимална, односно, да не се разликува премногу од надворешната температура.

Ова се некои општи чекори. Што се однесува на самото бебе, потребно е да се преземе уште нешто.

Пред да го вклучите клима уредот, проветрете ја просторијата. Неколку минути оставете ги вратата и прозорците отворени, а потоа затворете го само прозорецот.

Кога се работи за температурата кон кој се стремети, се зависи од тоа дали бебето е будно или не. Доколку е будно и активно, соодветна температура во просоторијата е околу 26, 27 степени.

Доколку бебето спие, препорака е температурата да биде повисока, односно од 27 до 28 степени.

Клима уредот треба да го исклучите околу еден час порано пред да излезете од дома, особено ако излегувате со бебето. Температурата во собата постепено ќе расте, а телото на бебето постепено ќе се навикнува на повисока температура на отворено. Доколку планирате даго избањате бебето, не  вклучувајте го клима уредот барем еден до два часа пред бањањето и исто толку после бањањето.

Обратете внимание и на влажноста на воздухот. Доколку е премногу сув, може да дојде до сушење на усните на бебето и кожата. Користете овлажнувач на воздух или јонизатор кој отстранува бактерии.

 

Извор: espreso.co.rs