(Видео) „Скорпии, пајаци и бубачки јадат како да е чипс“ – Со што Анџелина Џоли ги храни децата – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 11:37 AM

(Видео) „Скорпии, пајаци и бубачки јадат како да е чипс“ – Со што Анџелина Џоли ги храни децата

Изборот на диета што популарната убавица Анџелина Џоли го избра за себе и за своите деца го згрози целиот свет.

Анџелина моментално снима филм во Камбоџа, од каде потекнува нејзиниот најстар син Медокс, а на тоа патување ги однела и своите деца. Во сетот уживаат на необичен начин, а посебно внимание посветуваат на подготовката на храната. Користат храна која се наоѓа во нивната околина, а на мени има скорпии, пајаци и бубачки.


Анџелина за време на интервју за Би-Би-Си сподели видео на кое може да се забележи како познатата актерка подготвува ручек за своето семејство.

– Уживаа да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да јадат вреќа штурци како вреќа чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да готвам инсекти со малку зачин – изјави актерката и ја згрози јавноста.

ИЗвор: курир.рс

Фото: Твитер/Би Би Си