Вкупно 46 мигранти се пронајдени мртви во камионска приколка во Сан Антонио, Тексас, во еден од најсмртоносните инциденти до сега во трговијата со луѓе долж границата меѓу САД и Мексико.
Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 луѓе биле пронајдени во приколката и се пренесени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни лица.
По инцидентот три лица се во притвор.
Multiple SAPD sources tell me it’s at least 40 people dead. Sixteen others were taken to area hospitals in varying conditions. Death toll could rise. https://t.co/zdb5KC6Q4M
— Dillon Collier (@dilloncollier) June 28, 2022
Камион кој превезувал мигранти бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Температурата на воздухот во Сан Антонио, што се наоѓа на околу 250 километри од границата со Мексико, вчера изнесуваше 39,4 степени Целзиусови, со висока влажност.
По трагедијата, мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер инцидентот го нарече „трагедија во Тексас“ и ја обвини политиката на американскиот претседател Џо Бајден, истакнувајќи оти тоа „ги покажува смртоносните последици од неговото одбивање да спроведе закон“.
На американско-мексиканската граница изминатите месеци регистрирани се рекорден број илегални премини, што предизвика критики за имиграциската политика на Бајден.
МИА
Фото: Твитер