“Детска Насмевка за овој Свет” – хуманитарен настан во чест на животот и делото на Тоше Проески, кој ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни.
Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем.
Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.
Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија. Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите на оваа незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов према децата.