Утрово Скопје беше во сообраќаен хаос поради штрајкот на ССМ, кој ја блокираше Автокоманда.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред новинарите рече:
-Денеска Сојузот во знак на револт е на раскрсницата пред Земјоделскиот факултет во населбата Автокоманда каде што покажува дека одлучно стои на неговите барања, кои во моентов се неопходни – 2806 денара од 01.07 како и враќање на регресот, изгубеното право одамнина во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата. Денеска го кажуваме тоа и се извинуваме на сите граѓани во државата, но ова што го правиме денеска навистина е неопходно бидејќи денеска се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавниците се исти, енергетска криза, нафтена криза и што понатаму да зборувам, рече тој и додаде:
-Единствено упатувам апел и до централната и до локалната власт да го прифатат ова барање – линеарно зголемување на платите. Да постапат уште веднаш. Македонскиот работник не може да го издржи сето ова како ценовните шокови, енергетски кризи, па и во поново време нафтената криза, рече Димовски.