Романија да не игра политичко оро околу Молдавија, ќе има последици, порача Медведев – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/22 9:56 AM

Романија да не игра политичко оро околу Молдавија, ќе има последици, порача Медведев

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го обвини Букурешт дека сака да создаде „нова Голема Романија“ и предупреди дека ако тоа се случи, ќе има последици за Република Молдавија.

Во интервју за московски медиуми, Медведев рече дека не е можен директен влез на Република Молдавија во Европската унија. Тој, исто така, ги обвини романските власти дека долго време „играат политички ора околу Молдавија“ и ги зајакнуваат напорите за „легално“ преземање на земјата.

Според Медведев, тоа ќе има последици за Молдавија, вклучително и повисоки цени на енергијата и нарушувања во снабдувањето со други ресурси.

МИА