Бизарен случај од Делчево: Дедо (81) пред своја врсничка се соблекувал гол во двор – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 11:10 AM

Бизарен случај од Делчево: Дедо (81) пред своја врсничка се соблекувал гол во двор

Два случаи  во три дена го пополнија полицискиот билтен, каде повозрасни жени пријавуваат сексуален напад или недолично однесување. Денешниот е од Делчево.

Во Полициската станица Делчево, вчера, 81-годишна жена од делчевско село пријавила дека на 22.06.2022 во нејзиниот двор, Д.С.(81) од истото село се соблекувал пред неа и недолично се однесувал, соопшти СВР Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.