(Видео) „Нека разберат клетите душмани, македонско име нема да загине“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/22 5:45 PM

(Видео) „Нека разберат клетите душмани, македонско име нема да загине“

Вчеравечер во ресторанот Рагуса 360 – Роофтоп се одржа спектакуларна промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.

„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче што ќе остане за навек, како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.

Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.
„Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, рекоа синоќа момците од „Балкан бенд.