Јавна дебата за францускиот предлог и да се стави на увид на министрите и пратениците бара ЛДП – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/22 10:35 AM

Јавна дебата за францускиот предлог и да се стави на увид на министрите и пратениците бара ЛДП

По најавата на лидерот на ЛДП Горан Милевски дека во случај премиерот Димитар Ковачевски да го прифати францускиот предлог, синоќа заседавал и Извршниот одбор на партијата, која и официјално го отфрли предлогот. По средбата Милевски објави дека ЛДП бара францускиот предлог да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата.
-Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција, соопшти Милевски.
ЛДП најавува излегување од владата доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија.
– Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација, пишува Милевски.
Излегување од владата најавија и другите помали коалиционери од македонскиот блок партии доколку сепак, биде прифатен францускиот предлог.