Компанијата Sweat Band направи истражување за трошењето калории на работното место. Работата е важен аспект на нашиот живот и во просек поминуваме по 253 часа годишно на работното место. Токму поради тоа е важно да одберете професија која ви се допаѓа, но и која е добра за вашето здравје.
Компанијата Sweat Band направи истражување за трошењето калории на работното место во рамките на различни професии во Велика Британија, откривајќи дека кај професиите во кои вработените седат, повеќе од две третини од работниците се обезни. Причината е што во текот на денот тие трошат само 600 калории.
Секако, здравата тежина се одржува со правилна исхрана и со вежбање, но многу полесно е да потрошите калории кога вашата работа од вас бара физички да сте активни. Покрај тоа, истражувањето покажало дека луѓето кои се активни на работа, повеќе вежбаат и по работниот ден. Ако сакате да направите пресврт во вашата кариера, а истовремено и да бидете фит, погледнете кои професии треба да ги одберете:
Кои професии трошат највеќе калории?
Одржувањето кондиција и редовната физичка активност се наједноставниот начин за да останете здрави, па ако сакате работата да ви помогне во тоа, можеби треба да станете пожарникар или шумар.
Ова се професиите во кои најмногу се трошат калории:
Пожарникари – 5.080 калории дневно (1.300.480 годишно)
Шумари – 4.900 калории дневно (1.239.700 годишно)
Хигиеничари – 4.480 калории дневно (1.146.800 годишно)
Фитнес инструктори – 4.128 калории дневно (1.056.768 годишно)
Земјоделци – 3.808 калории дневно (963.424 годишно)
Градежни работници – 2.754 калории дневно (696.762 годишно)
Продавачи – 2.544 калории дневно (636.000 годишно)
Стјуардеси – 2.380 калории дневно (595.000 годишно)
Рибари – 2.240 калории дневно (566.720 годишно)
Водоводџии – 2.000 калории дневно (506.000 годишно)
Полицајци – 1.632 калории на ден (412.896 годишно)
Келнери – 1.400 калории дневно (350.000 годишно)
Физиотерапевти – 1.340 калории дневно (335.000 годишно)
Шетачи на кучиња – 1.272 калории дневно (325.632 годишно)
Фризери – 840 калории дневно (212.520 годишно)
Канцелариски работници – 600 калории дневно (151.800 годишно)
Ако се обидувате да изгубите тежина, експертите од клиниката Мајо препорачуваат да трошите 500-1000 калории повеќе отколку што внесувате. Со овој метод ќе изгубите од половина до еден килограм неделно. Доколку се занимавате со некоја од наведените професии, можете да јадете по едно парче торта секој ден, а килограмите ќе продолжат да се топат. Дали губењето килограми може да биде полесно од тоа? Најверојатно не.