Ги депилирате влакненцата во носот? Престанете веднаш, може да има сериозни последици – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/22 10:00 PM

Ги депилирате влакненцата во носот? Престанете веднаш, може да има сериозни последици

Д-р Каран Рај истакнува дека најновиот тренд на депилирање на влакната во носот може да доведе до инфекции на мозокот, опасни по живот.

Би се рекло дека отстранувањето на влакната станува се’ поектремно. На ТикТок се споделуваат видео снимки од депилација на носот која подразбира вметнување на апликатор со восок во ноздрите. Апликаторот останува така кусо време додека восокот да се стврдне, по што тој треба да се извади од носот, а со него се повлекуваат и влакната.

Д-р Каран Рај на социјалните мрежи објави видео снимка на која објаснува зошто ваквото отстранување на влакната е опасно.

„Има два вида влакекна во носот. Имате микроскопски клетки кои ја филтрираат слузта и ја праќаат во задниот дел на грлото. Тие ги спречуваат големите честички да дојдат до задниот дел на носот. Доколку ги отстраните овие влакненца, микробите околу фоликулите можат да влезат внатре и да предизвикаат инфекција.

Докторот објаснува дека „играњето“ со влакненцата во носот би можело да има големи последици. Се смета дека лицето е ризично подрачје за добивање инфекции, за кои ризикот се зголемува и доколку имате пирс на носот.

„Тоа е затоа што истите вени што носат крв од носот се среќаваат со вените што носат крв од мозокот. Значи, ако бактериите завршат таму во мозокот, тоа може да предизвика воспаление на мозокот, што понекогаш резултира со мозочни апсцеси“, вели д-р Рај.

Иако ова може да биде неверојатно редок несакан ефект, може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето со слаб имунолошки систем.

– Затоа следниот пат само скратете ги – вели докторот.

 

Извор:  informer.rs