Интензивни случувања во Софија, на неколку часа пред гласањето за довербата на владата на Кирил Петков, низ изјави и политички процеси, кои задираат во актуелните македонско – бугарски односи. Додека се води парламентарна и јавна дебата околу потребата од заминување на кабинетот на Петков, бугарските медиуми јавуваат дека министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска е под притисок да предложи укинување на ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.
Како што пишуваат, претседателот на надворешниот парламент денеска испратил писмо до Генчовска во кое бара шефицата на дипломатијата да достави одлука до Собранието со која Владата ќе добие мандат да го потпише билатералниот протокол со Скопје и да го одобри францускиот предлог. Сепак, министерката за надворешни работи нема право сама да поднесе предлог-резолуција на Националното собрание. Според уставот тоа е задолжително со одлука на Советот на министри. Оваа одлука мора јасно да каже каков мандат сака од парламентот.
Во исто време, пак, владата, на барање на премиерот Кирил Петков, се откажа од правото на одлучување и сè за темата Северна Македонија префрли на парламентот.
Владата го одби предлогот на Бојко Борисов да го одобри францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и северна Македонија. Борисов на денешниот брифинг изјави дека понудата е најдобра и дека доколку кабинетот ја одобри и изнесе во парламентот, тој гарантира поддршка од сите 59 пратеници на ГЕРБ-УДФ. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и лидерот на ПГ на ЕПП Манфред Вебер му честитаа на Борисов на Твитер.
Премиерот Кирил Петков нема да отстапи од повеќекратно најавуваната формула за одлуката за Македонија – прво да помине низ собраниската комисија за надворешна политика, па низ пленарната сала, каде ќе добие широка поддршка, а потоа и преку Советот на министри, рече. шефицата на кабинетот и портпарол на владата, Лена Бориславова пред „Дневник“.