Путин на офицерите им ја вети интерконтиненталната „Сармат“ ракета до крај на годината – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/22 2:11 PM

Путин на офицерите им ја вети интерконтиненталната „Сармат“ ракета до крај на годината

Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи денеска пред дипломирани студенти на воените универзитети рече дека модерните комплекси С-500 стапуваат во употреба, а им вети дека тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ ќе биде ставена на борбена задача на крајот на 2022 година. Путин  го објави успешното тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета Сармат (ICBM). Конкретно за „Сармат“, Путин рече: „Планирано е до крајот на оваа година првиот ваков комплекс да биде ставен на борбена задача“.

Путин, исто така, на дипломците им рече дека модернизацијата на армијата е неизбежна.

-Ќе мораме да ја користиме роботиката пошироко и многу пошироко, најновите средства за контрола и разузнавање, беспилотни летала и активно да развиваме системи за оружје засновани на нови физички принципи, како што се како ласерски, електромагнетни и многу други, кажа Путин.

Сергеј Суровикин, началникот на воздухопловните и вселенските сили, претходно изјави дека С-500 ќе може да уништува сателити и хиперсонично оружје од сите модификации во вселената.