Премиерот Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист за опстанокот на владата која ја предводи, а чија судбина денеска се разгледува – јави дописникот на МИА од Софија.
Тој вели дека е оптимист, затоа што луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада го тераат да мисли така. Кирил Петков одби да коментира повеќе детали пред денешната расправа за барањата на опозицијата за гласање недоверба на Владата.
За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од 240. Расправите ќе се водат денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нивното завршување во среда навечер или четврток пред пладне.