Силувал жена и со денови ја држел во хотелкса соба како робинка – Полицијата го уапси режисерот Пол Хагис – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/22 2:43 PM

Силувал жена и со денови ја држел во хотелкса соба како робинка – Полицијата го уапси режисерот Пол Хагис

Американскиот режисер Пол Хагис е уапсен во Италија под обвинение дека држел жена како робинка и ја силувал два дена во неговата хотелска соба.
Според италијанскиот печат, жртвата била оставена на аеродромот со бројни повреди и ја алармирала полицијата, а потоа раскажала страшна приказна.

Хагис, добитникот на Оскар за филмот „Судир“ од 2006 година, поради еден фестивал престојува во Италија. Наводно со себе донел „млада жена од странство“, а потоа два дена ја држел како робинка во хотелска соба. Неколку пати ја силувал и ја повредил, а потоа ја однел до аеродром со намера да ја испрати од Италија. Се скарале на аеродром и тој си заминал, а таа повикала полиција.
Жената поради повредите е во болница, а режисерот е приведен во полиција. Хегис (69) е познат и по филмовите „Девојка од милион долари“, „Казино Ројал“ и „Писма од Иво Џим“, за кои го напиша и сценариото. Неговите адвокати негираат дека нападот се случил.

ИЗвор: курир.рс

Фото: variety.com