Во морето од девојки кои повеќе личат на пластични кукли отколку на живи суштества, Лусија е право за освежување.
Таа е доказ дека жената и со вишок килограми може да изгледа убаво и да има самодоверба. Таа успеа да ги помести модните граници и да го освои светот со својот став, енергија и убавина. Таа испраќа јасна порака до сите, вистинската жена не е совршена и тоа е сосема во ред!
Луција Лугомер е плус сајз модел од Хрватска која успеа да се пробие на светскиот пазар, а нејзината фотографија се појави и во престижниот магазин Вог.
Облините се во мода веќе извесно време, а тоа ни го потврдуваат се почестиот ангажман на „плус сајз“ модели во кампањи на врвни брендови и бројните инфлуенсери.
Благодарение на својот став и пораките кои ги испраќа, оваа девојка од Хрватска ги освои срцата на голем број луѓе и стана вистинска ѕвезда на Инстаграм.
View this post on Instagram
Таа деновиве е на островите Корнати во Далмација, од каде ги поздрави своите следбеници на Инстаграм со фотографија во костим за капење. Ако се суди по бројот на лајкови, таа слика би можела да го собори рекордот на нејзиниот профил, кој го следат 145 илјади луѓе.
Плус сајз, манекенката позираше во атрактивен модел на костими за капење, украсен со бели точки, над кои облече светло бела кошула. Дека убавината не е само витка линија, јасно се гледа на оваа фотографија.
Тоа го потврдуваат и коментарите: „Убава дама“, „Леле“, „Навистина ти завидувам, се ти изгледа убаво“, „Лусија, ти си многу убава и згодна“.
View this post on Instagram