Се почна кога умре мајка ми – Ангела Меркел прв пат прозборе за болеста – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/22 11:04 AM

Се почна кога умре мајка ми – Ангела Меркел прв пат прозборе за болеста

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во интервју за медиумската групација РНД, за прв пат во јавноста проговори за тресењето на крајот од нејзиниот мандат, кој загрижи многу Германци.
Покрај недостатокот на течност, таа наведе уште две причини за тресењето. Прво проговори за нервозата поради бројните камери насочени кон неа. На прашањето зошто наеднаш ја исфрлило од рамнотежа после толку години, таа вели:
-Кога видов големи фото апарати низ кои може да се погледне одблизу, се загрижив – може да се забележи кога сте малку послаби. На крајот побарав поинаков формат и обврските ги извршував само седејќи. Тоа беше добро тогаш, изјавила таа.
Друга причина што ја наведе е исцрпеноста по смртта на нејзината мајка во април 2019 година. Набргу потоа, таа отиде на Самитот на ЕУ. Запрашана дали функцијата е толку немилосрдна што нема време ниту да ја оплакува нејзината родена мајка, Меркел одговори:

– Имав, но многу малку. Мора да бидете достапни 24 часа на ден. Кога има седница на Советот на ЕУ, тогаш е седница на Советот на ЕУ. Кога е ноќна сесија, тоа е ноќна сесија. Ако не лежам во кревет со температура од 40, одам во Советот на ЕУ. Тоа беше моето разбирање за сето тоа. Често настинував – објаснила Меркел, пишува РНД.
Меркел во истото интервју зборуваше и за руската офанзива против Украина.
На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин чекал таа повеќе да не биде германска канцеларка за да започне конфликти во Украина, Меркел рече:
– Не го знам тоа. Моето заминување можеби беше придонес, како што се изборите во Франција, повлекувањето на војниците од Авганистан и стагнацијата на спроведувањето на договорот од Минск, додаде таа.

Извор: novosti.rs