Актерката Салма Хаек често објавува фотографии во бикини, а сега откри дека нема намера да престане да го прави тоа.
„Мило ми е што објавив многу фотографии, не се срамам, бидејќи тоа беше првата недела од одморот“, изјави актерката за Entertainment Tonight, додавајќи дека објавувањето фотографии е ослободувачко, но дека за оние кои мораат да го гледаат тоа веројатно било мака.
“Ќе ги оставам да одморат. Ќе мислат дека носам бикини секој ден”, се пошегувала актерката, а потоа открила што морала да направи за да влезе во бикини.
„Морав да ослабам и да вежбам за да се облечам во бикини пред крајот на минатата година“, изјави Хаек.
Обожавателите на Селма често ја обвинуваат дека хируршки ги зголемила градите, а сето тоа поради фактот што тие се видно поголеми отколку на почетокот на нејзината кариера. Актерката постојано ги негираше ваквите наводи, па дури и објасни зошто нејзиното деколте е поголемо денес.
View this post on Instagram
“Многу луѓе тврдат дека ги зголемив градите хируршки. Не ги обвинувам. Градите ми беа навистина помали. Како и остатокот од моето тело”, рече Салма минатата година во емисијата “Red Table Talk” на нејзината колешка Џејд Пинкет Смит.
Објаснила и дека градите и пораснале поради менопаузата, но и бременоста и флуктуациите на тежината.
„Градите на некои жени се намалуваат. Но, има некои жени кои кога ќе се здебелат, им растат градите, а на други им растат додека дојат и никогаш не се враќаат во нормала. Исто така, во некои случаи, градите растат кога сте во менопауза. Се испостави јас да бидам една од жените на кои им се случи сето тоа. Пораснаа кога се здебелив, кога забременив и кога влегов во менопауза. Тие само продолжија да растат и станаа многу, многу, многу поголеми. Постојано ме боли грбот поради тоа. Луѓето не зборуваат за тоа, но јас ќе ви кажам. Градите растат – и тоа многу“, додаде таа.
Извор: курир.рс