Двајца мажи на возраст од 23 и 34 години се приведени во градот Варна во североисточна Бугарија, откако украле сладолед од една помала продавница.
Утврдено е дека разбојниците провалиле во минимаркетот и украле 148 корнети сладолед и четири кутии сладолед од по еден килограм. Пријавата за кражбата ја поднел сопственикот на продавницата.
На крадците на сладолед им е одреден притвор од 72 часа.
МИА