Граѓаните да не се плашат: Утре Скопје ќе го прелетуваат борбени авиони – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 5:14 PM

Граѓаните да не се плашат: Утре Скопје ќе го прелетуваат борбени авиони

Утре, 17 јуни (петок) на аеродромот во Петровец во 14 часот за прв пат во Северна Македонија ќе слетаат борбените авиони од типот Ф-35 кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт.

Пред слетувањето, борбените авиони ќе извршат прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје.

-Прелетот и слетувањето на борбените авиони Ф-35 на аеродромот во Петровец, кои се авиони од петтата генерација, е уште еден приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на нераскинливата трансатлантска врска која е темел на евроатлантската безбедност. Целта на настанот е да са подвлече речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, како и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки. Авионот Ф-35 е едносед, едномоторен, повеќенаменски борбен авион. Авионот има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја, велат од МО и додаваат дека во рамки на планираната активност, во период околу 14.00 и 16.00 часот воздухопловите ќе прелетаат над Скопје и околината.

На настанот ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска и потполковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт.