Вие Македонците си го живеете животот – „Фрајле“ доагаат во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 1:53 PM

Вие Македонците си го живеете животот – „Фрајле“ доагаат во Скопје

-Вие Македонците го живеете животот и ви завидуваме, велат девојките од „Фрајле“, кои ќе одржат концерт во Скопје.

Концертот е закажан за оваа сабота пред платото на МОБ.  Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт. Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

„Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа – велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури…