Ѓоковиќ како „невакциниран странец“ на пат да го пропушти и УС Опен – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 10:42 AM

Ѓоковиќ како „невакциниран странец“ на пат да го пропушти и УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ многу веројатно да го репризира австралискиот случај со неможноста да учествува на УС Опен, поради тоа што според американскиот закон тој е „невакциниран странец“ и како таков не може да влезе на американска територија.

Ова го потврдува и текстот во „Њујорк тајмс“ според кој,  Ѓоковиќ во овој момент нема право да влезе во САД. Третиот рекет на планетата сезонава веќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами бидејќи не можеше да пристапи на територијата на САД, а тоа би можело да се повтори на крајот од сезоната.

Според тамошниот закон, Новак е наведен како „невакциниран странец“ и затоа не смее да влезе, што може да биде заобиколено со посебно ослободување. Меѓутоа, Тениската асоцијација на САД (USTA), под чие покровителство е УС Опен, нема да бара изземање од владата за Србинот, објави „NYT“.

„Ќе ги следиме прописите на владата и ЦДС“, рече извршниот директор на USTA, Лу Шер.