Преку лажно претставување и маскирање на вистинската адреса од испраќачот во која е злонамерно и лажно употребена адреса од е-пошта на ПроКредит банка – Македонија вчера се испратени пораки до македонски корисници.
Банката предупреди на фишинг кампања што цели на македонски адреси за е-пошта, во период од 02 до 04 часот (порака без наслов) од адресата mkd.DevizniPrilivi@procredit-group.com.
-Ве информираме дека долунаведената порака воопшто не е испратена од страна на Прокредит Банка Македонија и истата претставува фишинг порака. Електронската порака, доставена на 15.6.2022 година во период од 02 до 04 часот (порака без наслов), доколку е доставена во Вашето сандаче за е-пошта, Ве повикуваме веднаш да ја избришете и да не отворате додатоци од истата. ПроКредит банка Македонија Ви стои на располагање за дополнителни информации и Ве мотивираме да не контактирате, соопштуваат од ПроКредит банка.
Од банката ги упатуваат оние кои ја добиле наведената порака да информирајте на: mkd.iso@procredit-group.com.
Испраќач: маскирана адреса со лажно претставување. Пораката е испратена од јавна IP адреса 67.225.198.162. (GMAIL) Назив: нема назив (No Subject) Малициозен додаток: MS Word документ со наслов „International remittance $11,543.66.doc“; големина 14 KB; тип – вграден штетен код од тип Exploit, Downloader, Backdoor.
Слика од пораката:
Препораки: За заштита од овој малвер, Miscrosoft има објавено насоки на следниот линк: https://msrc.microsoft.com/update-guide/vulnerability/CVE-2017-11882.
Инфо: https://mkd-cirt.mk/ – Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти
|