Бугарскиот премиер Кирил Петков му предложи на министерскиот совет да донесе одлука во врска со Република Северна Македонија и шпекулациите кои се појавија последниве денови, односно сите предлози и одлуки кои ќе стигнат од француското претседателство, Советот на Европа или било која членка, да се однесат директно во Народното Собрание префрлувајќи им ја топката за решение кај пратениците во Софија.
„Под еден, секој предлог од француското претседателство на ЕУ, од држава членка или од Европската комисија поврзано со преговорите за членството во ЕУ со Македонија и Република Албанија направен во рамки на подготовката или при заседавањето на комитетот на постојните преставници или на Советот за општи работи, кој е различен од рамковната позиција на министерскиот совет донесена во 2019 година, да се испраќаат брзо од преставниците на Бугарија во ЕУ до комисијата за надворешна политика во Народното Собрание. Под точка два, претставниците на Бугарија во ЕУ да не изразуваат согласност со предлогот под точка еден до нивото обраќање во Народното Собрание, а потоа да ја изразат позицијата на Собранието до ЕУ“, рече Петков.
Со други зборови, секое решение кое не е во согласност со рамковната позиција да се испраќа во Народното собрание. Ако има негативна одлука, да се даде веднаш негативен одговор. Петков рече дека Владата испраќа порака дека на овој начин проблемот или темата со Северна Македонија треба да биде решена само од народните претставници кои се подготвуваат да поднесат предлог за гласање на недоверба на Владата во следните денови.
О.К.
фото: скриншот