Главната ѕвезда на „Fusion Festival“, кој ќе се одржи на 22 јуни на стадионот на АРМ во Скопје ќе биде американскиот рапер Тајга (Tyga), кој ќе има ексклузивен еден и полчасовен настап.
На денешната средба со новинарите по повод овогодинешното издание на „Fusion Festival“ каде како headliner ќе настапи глобалната мега звезда TYGA беа изнесени сите детали околу и за фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер звезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко.
За потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.
Покрај главниот headliner TYGA, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на Hip Hop и Trap музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој dj set одличниот Ampov.
-Огромна е честа и задоволството да се биди на иста сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светски мегазвезди. Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се обавезен дел од мојот сет, како еден од пионерите на современата Hip Hop и Trap музика со безброј хитови и награди, рече Irie Scratch
Fusion Festival ќе се одржи на стадионот на АРМ во Скопје.