Половина од убавината на една жена е во нејзината коса – Како да ја негувате? – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/22 9:00 PM

Половина од убавината на една жена е во нејзината коса – Како да ја негувате?

Проблемот со брзото мастење на косата е еден од најчестите кога станува збор за косата, без разлика на возраста или полот.

Сигурно ви се случило да ја измиете косата, а следното утро под прстите да почувствувате дека коренот ви станал мрсен.
Веруваме дека и вие се обидевте да го смените шампонот, но истата приказна продолжи. Станувате очајни и не знаете што да направите во тој случај, а секојдневно миење на косата не доаѓа предвид.
Применете ги овие совети и сведочете на промените!
Редовно чистете го чешелот/четката за коса
За четка или чешел убаво да ви ја исчешла косата и да ги прераспредели маслата од темето на косата, која на тој начин добива сјај – тие мора да бидат чисти. Затоа, за да може чешел или четка да ја исполни оваа задача, тие не смеат да бидат валкани или полни со влакна. Како што сите знаеме, со текот на времето на нив се таложат маснотии и остатоци од производи за коса, поради што треба редовно и темелно да ги миете.
Четкајте ја косата само еднаш дневно
Честото четкање на косата може да го поттикне лачењето на вишокот маснотии, па доколку ја имате оваа навика, треба да ја искорените. Експертите се согласуваат дека е доволно да се чешлате еднаш дневно. Обидете се да ја допирате косата што помалку во текот на денот, за да не ја извалкате.
Менувајте ја перницата најмалку два пати неделно
Дури и птиците на гранката знаат дека на перниците се акумулираат нечистотија, бактерии и остатоци од производи за нега на кожа и коса, па затоа нивното редовно менување е од клучно значење. Со менување и миење на перницата на секои неколку дена, не само што ќе избегнете непотребно валкање на косата, туку и појава на акни или алергиски реакции на кожата.
Мрсната коса сака производи без силикон, масло и сулфат
Шампоните без сулфати се добар избор за оние со мрсен скалп бидејќи не го иритираат скалпот, а со тоа ја намалуваат веројатноста да предизвикаат поголемо лачење на себум. Препорачливо е да користите производи без масло и силикон, кои исто така предизвикуваат побрзо подмачкување на косата.
Избегнувајте често миење на косата
Знаеме дека не е секогаш лесно да се одолее на нагонот за миење на косата кога е мрсна, но честото миење обично има контра ефект. Шампоните го отстрануваат лојот од скалпот, но на тој начин го поттикнуваат и неговото дополнително лачење, поради што ќе се најдете во маѓепсан круг од кој тешко се излегува. Ова е причината зошто експертите препорачуваат миење на косата не повеќе од двапати неделно.
Намалете го бројот на производи на минимум
Факт е дека повеќето производи за нега и обликување на косата ја оптоваруваат косата, па време е да размислите за вашата рутина. За екстремно мрсна коса, повеќето експерти препорачуваат само употреба на шампон за разјаснување и лесен регенератор, со нанесување на маската еднаш или двапати месечно.
Не заборавајте  на пилинг на главата
Пилинг и масажа на скалпот ги стимулира фоликулите на косата, ги отстранува насобраните производи и помага да се балансира пХ вредноста на скалпот. Сето тоа доведува до побрз раст на косата, но и побавно лачење на себум. Денес постојат голем број производи за нега на коса, иако квалитетен пилинг можете да направите и сами дома.

Извор: курир.рс