Дождот ги уништи плитките гробници, лешеви ја загадуваат водата – Градоначалникот на Мариупол тврди дека во градот има епидемија на колера – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/22 9:30 AM

Дождот ги уништи плитките гробници, лешеви ја загадуваат водата – Градоначалникот на Мариупол тврди дека во градот има епидемија на колера

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време.

Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата.

– Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол.

Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.

фото: /www.aa.com.tr/