Вучиќ може лесно да му сврти грб на Путин – смета германскиот пратеник Јуратовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 11:13 AM

Вучиќ може лесно да му сврти грб на Путин – смета германскиот пратеник Јуратовиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да ризикува да ја прекине соработката со Европската унија (ЕУ), бидејќи би се ставил во опасност, изјави за весникот Нова, пратеникот на СПД во германскиот Бундестаг Јосип Јуратовиќ, додавајќи оти е убеден дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го сврти грбот на Русија и се ориентира кон Запад, што е појасно од кога било.
Јуратовиќ рече дека денешната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Белград и Приштина е од големо значење, особено во време на глобални кризи, бидејќи регионот на Западен Балкан е „област која е многу чувствителна на странски влијанија, односно кризи“.
-Затоа оваа посета ќе има, пред сè, цел за зачувување и стабилност во регионот на Западен Балкан“, рече Јуратовиќ, додавајќи дека Србија одлучила да се приклучи на ЕУ, што е добро, но исто така се очекува солидарност со ЕУ во борбата за зачувување на меѓународните конвенции што ги потпиша и Русија, а кои режимот на Путин сериозно ги загрози со агресија врз Украина.
„Игнорирањето и одложувањето на одлуките за воведување санкции кон Русија не е во корист на Србија, бидејќи таа ќе се соочи со потенцијално негативен став во однос на нејзиното однесување, што не е во согласност со надворешната политика на ЕУ“, рече Јуратовиќ.
Според него, кога со години се гради прорускиот мит, за денес да имате 80 отсто граѓани кои се проруски настроени, тогаш сте во стапица, бидејќи виновник е Вучиќ и политиката што ја водеше, бидејќи создадоа такво расположение. Дека Русија е главен политички и економски партнер, а не ЕУ.
Тој додаде дека ЕУ досега има обезбедено четири милијарди евра развојна помош и дека 24.000 српски компании со 900.000 луѓе се поврзани со ЕУ.
Според него, две третини од извозот на српските компании е ориентиран кон земјите од ЕУ, а Германија е главен трговски партнер на Србија, поради што смета дека Вучиќ нема да ја „стави на коцка“ поради Русија.