Пожарот што синоќа околу полноќ зафати барака во Скопје на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор не се проширил, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Електричен кабел е причината за пожарот, соопштуваат од АДСДП.
„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!“, соопшти АДСДП.
фото: Фактор