Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вчеравечер го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант.
Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата.
Лазаров во вториот постигна три гола (два со спекталарни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите.
Нант приреди спектакуларно испраќање на кралот на ракометот. Го седнаа на престол, му ставија круна на главата и му оддадоа неизмерна почит за се’ што направил за Нант.
Со сопругата Љубица и двете деца, Лазаров уживаше во стоечките овации.
За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров.
View this post on Instagram