Ниту војната и енергетската криза не го спречија растот на супербогаташите од САД, Кина и Германија – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/22 10:00 AM

Ниту војната и енергетската криза не го спречија растот на супербогаташите од САД, Кина и Германија

Вкупното светско богатство порасна за 10,3 отсто во 2021 година на 473 трилиони долари, главно благодарение на „цветањето” на берзата, според студија објавена денеска од Бостон Консалтинг Груп (БКГ).

Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони долари, порасна за околу 300 луѓе.

Најмногу супербогати, 25.800 лица, имаат САД. Потоа следува Кина со 8.500 супербогати луѓе. На третото место е Германија. Во светот околу 69.000 супербогати поединци поседуваат 15 отсто од финансиските средства, што може да се инвестираат.

Вредноста на материјалните средства, вклучувајќи недвижнини, уметности и злато, порасна за 11 отсто на 13 трилиони долари во 2021 година. Веќе некое време особено силно расте вредноста на недвижнините.

И покрај економските последици од војната во Украина, извештајот на БКГ предвидува дека богатството и понатаму ќе расте во целиот свет. Се очекува силно зголемување првенствено во Азија.

Доколку рускиот напад на Украина заврши годинава, се очекува глобалното богатство да порасне за 5,3 отсто годишно со што би достигнало речиси 80 трилиони долари до 2026 година.

Студијата пресметува просечно зголемување од пет отсто, доколку војната продолжи и санкциите бидат построги или потраат подолго време.

МИА