Нестабилното време продолжува и денеска, кога не’ очекува прoменливо облачно, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град.
Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Вакво време ќе се задржи до сабота, кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.