Алабаковски во осумдневен притвор – ММС
ММС

Објавено на: 06/8/22 8:38 AM

Алабаковски во осумдневен притвор

Судија на претходна постапка му определи осумдневен притвор на пејачот Ламбе Алабаковски за кривичното дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Мерката му е определена на барање на Основното јавно обвинителство од Битола, поради, како што стои во образложението опасност Алабаковски да се даде во бегство, поради тоа што тој има двојно државјанство – македонско и американско.

За делото за кое се товари Алабаковски, осомничен за потпалување на Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години.

За денеска во Битола пред полициската станица партијата Левица организира протест насловен „Слобода за Ламбе“.