На 15 години се смува со учителката, а неговиот тригодишен син бил позитивен на дрога – Што прави „детето“ од Терминатор? – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/22 9:00 PM

На 15 години се смува со учителката, а неговиот тригодишен син бил позитивен на дрога – Што прави „детето“ од Терминатор?

Актерот Едвард Фурлонг се прослави кога на 14 години ја играше улогата за која и денес се зборува. Едвард го играше Џон Конор, дете кое го спаси светот со познатиот Терминатор, кој го игра Арнолд Шварценегер.

По оваа улога, иако му предвидуваа блескава кариера, дошло до колапс во неговиот живот.

Тој никогаш не го запознал својот татко, а откако мајка му целосно ја изгубила контролата над него, Едвард бил чуван од неговата тетка и вујко до раните тинејџерски години. Кога имал 15 години, за време на снимањето на „Терминатор“ започнал врска со двојно постарата учителка по глума Жаклин Домак.

Со текот на времето станала негов менаџер, но таа работа не се снашла најдобро. Едвард глумеше само во неколку филмови кои пропаднаа и собраа само негативни критики, а со ниту еден од нив не беше толку успешен како со „Терминатор“. Поради врската со Жаклин се скарал со семејството со кое завршил на суд.

Едвард и Жаклин подоцна раскинале, а таа го обвинила дека и должи пари и физички ја малтретирал за време на врската.

Актерот се ожени со актерката Рејчел Ниланд 7 години подоцна во 2006 година и веднаш добија син. Рејчел исто така го тужела три години подоцна и на суд изјавила дека го изложил нивното дете на дрога. Тестот направен на тригодишно дете покажал дека е позитивно на кокаин. Нему му беше забрането да и се приближува на поранешната сопруга и доби условна казна од три години.

Во март 2013 година, тој беше осуден на шест месеци затвор откако физички ја нападна Моника Кина, неговата поранешна девојка. Наместо затвор, му било понудено да оди на рехабилитација од дрога, но наместо тоа тој избрал затвор. После тоа му се губи секаква трага во медиумите.

Сега објави на Инстаграм и го покажа синот!

Освен што во коментарите пишуваат дека наследникот „плука по Џон Конор“, следбениците оставаат и пораки со поддршка и бараат од актерот „да се врати на вистинскиот пат“ и да почне да снима филмови.

извор: Mondo.rs