Бугари и Хрвати меѓу криумчарите на запленетите 4,3 тони кокаин во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/22 12:37 PM

Бугари и Хрвати меѓу криумчарите на запленетите 4,3 тони кокаин во Италија

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија вредност се проценува на 240 милиони евра, со што и’ нанесе тежок удар на колумбиската група за дистрибуција на дрога „Клан дел Голфо“, објавија светските агенции.

Според полицијата станува збор за една од најголемите пратки на дрога запленети во Европа. Запленета е во последната фаза од меѓународната истрага, при што се уапсени 38 лица во шест земји и тоа: Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија.

Истрагата траеше повеќе од една година, а во неа беа вклучени колумбиската правда и американските безбедносни служби. Освен кокаин, властите заплениле 1,85 милиони евра во готовина.

Колумбиските власти соопштија дека во ноември се фокусирале на разбивање на групата „Клан дел Голфо“, кој има мрежа од 28 земји ширум светот, откако еден месец претходно го фати водачот на кланот Дарио, Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел.

Инспекторите додадоа дека од мај минатата година, следеле 19 последователни пратки на дрога, што им овозможило да идентификуваат „важен посредник“ во глобалната трговија со дрога и „значителен број“ трговци со дрога.

Бугарските медиуми соопштија дека двајца мажи од Перник се приведени во Бугарија. Еден е уапсен на аеродромот во Софија при обид да ја напушти земјата. Вториот е приведен во близина на неговиот дом. Двајцата се уапсени во рамките на големата акција за разбивање на трговијата со наркотици.