Јавноста знае за Пини Захави, Жорже Мендеш и покојниот Мино Рајола, највлијателните фудбалски агенти на денешницата, а „пробив“ на пазарот се почесто прави жената која беше прогласена за „најсекси агент на денешницата“.
Станува збор за романската убавица Анамарија Продан (49), која пред да влезе во фудбалот работеше како модел и ТВ водителка, додека пред неколку години стана и менаџер. Она што е особено впечатливо е дека таа е една од најбогатите во овој бизнис, бидејќи „The Sun“ нејзиното богатство го проценува на 170 милиони евра.
Сметаат дека е побогата од англискиот фудбалер Хари Кејн, кој заработил три пати помалку од неа, а Анамарија има толку многу пари што неодамна го купи клубот од Херманштад и им го исплати долгот од 800.000 евра.
Поранешната „зајачица“ сега сака да го преземе романскиот клуб Академика Клинчени, кој испадна од првата лига. Верува дека ќе успее да ги врати во елитата и да ги „збуни“ сметките на многу попознати и побогати клубови, а ако ги повлече менаџерските врски – кој знае, може да ги видиме и во Европа.
Романката се прослави бидејќи извесен период го застапуваше славниот фудбалер Адријан Муту, а сега е во агенцијата „Spocs“, која се грижи за, да речеме, Саша Калајџиќ, Никола Станчиу, Вељко Николиќ, Марко Лазетиќ, Габриел Енаке и други. ..
Таа моментално е „сингл“, се откако нејзините разголени фотографии протекоа на Интернет.
View this post on Instagram
извор: Mondo.rs