Епидемиите станаа почести поради климатските промени, велат од СЗО – ММС
ММС

Објавено на: 06/2/22 12:12 PM

Епидемиите станаа почести поради климатските промени, велат од СЗО

Епидемиите, меѓу кои и онаа на мајмунските сипаници станаа почести поради климатските промени – соопшти Мајк Рајан, извршен директор на програмата на СЗО за вонредни здравствени ситуации.

„Климатските промени придонесуваат за побрза промена на временските обрасци, а тоа на пример, води кон суша. Во променети животни услови и луѓето го менуваат своето однесување во потрагата по храна. Како резултат на тоа, болестите кои се карактеристични за животните, се пренесуваат на луѓето“, изјави Рајан.

Според него, не можеме да бидеме апсолутно сигурно во тоа дека ширењето на мајмунските сипаници ќе биде спречено и предупреди дека стапката на ширење на болестите во текот на летото би можела да се зголеми. Тој додава дека земјите масовно почнале со укинување на многу ограничувања поради коронавирусот, што значи дека во летната сезона ќе бидат ризик настанте со голем број луѓе.

Вирусот на мајмунски сипаници почна да се шири во неколку земји во западна Европа, а понатаму и на другите континенти. Неодамна беа забележани случаи на инфекции во Австралија, Белгија, Германија, Велика Британија, Шпанија, Канада, Италија, Португалија, Франција, САД, Шведска и Швајцарија.

 

Извор: rtv.rs