Наглото зголемување на цените од 1 јуни и паниката и гужвите на бензинските станици ја фрлија во сенка добрата веста што стигна од Кавадарци, првиот македонски град во кој престојот во детските градинки ќе биде бесплатен од септември!
Политичката партија Левица започна иницијатива за бесплатен престој во градинките која Советот на општината составен од членови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, ја усвоил со неколку заклучоци и надополнувања.
Градоначалникот Митко Јанчев предложил дополнувања за поефикасно да се реализира иницијативата, односно побарал од централната власт преку Министерството за финансии и министерството за труд и социјална политика да бидат одобрени вработувањата за воспитен кадар во ЈОУДГ „Рада Поцева“ онаму каде што се планираат пензионирања или отварање на нови капацитети.
„Услов за ослободување од партиципација е да приходите на родителот не бидат повисоки од просечната месечна плата (која месецов е околу 31 000 денари), со цел да се спречи злоупотреба на мерките од привилегираните во општеството!“, е едно од барањата на градоначалникот.
,,Оваа иницијатива е посебна за мене, станува збор за згрижување на деца, за образование, станува збор за решавање на неколку социјални проблеми, а посебна е и затоа што со неа согледав нешто ново! Во текот на овие две недели согледав еден контраст колеги!
Додека во оваа зграда слушнав ‘Ех што ќе сменат тие 1500 денари, кај биле кај не биле! Да воведеме нова социјална политика во работата на Советите, а Кавадарци да е првата Општина во државата каде згрижувањето на децата ќе биде право, а не луксуз!, на улица слушав ‘Браво, конечно ќе можам да почнам да барам работа, додека детето ми е згрижено во градинка!“, истакна членот на Советот, Круме Богевски од општинската говорница.
О.К.
фото: скриншот од Фејсбук видео