Непотребен е бојкотот на јунска сесија, платата се зголемува од септември – Шакири за професорското незадоволство – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/22 10:09 AM

Непотребен е бојкотот на јунска сесија, платата се зголемува од септември – Шакири за професорското незадоволство

Да се реализира испитната сесија, за платите на професорите очекуваме да разговараме со Советот за високо образование. Ова го најави министерот за образование Јетон Шакири како одговор на новинарско прашање, по заканата од професорите дека ќе ја бојкотираат јунската сесија и испити нема да има. Шакири очекува преговори со репрезентативниот синдикат за високо образование, по теркот на дијалог со синдикатот за проблемите во основното и средното образование.

-Во ребалансот на буџетот се предвидени средства за повисоки плати и во високото образование. Тие најавија мирен прв ден на протест, па очекувам следната недела да имаме разговори. За мене не е ОК да се закануваме, како што бев и против заканите да имаме прекин во основно и средно образование. Ова не го гледам ако добра постапка, затоа што никогаш не сме кажале дека нема разговараме за платите и подобрите услови, рече Шакири.

Министерот како и со СОНК и од секторот високо образование побара разбирање, за како што рече „некои економски состојби“.

-Овие закани, ако може да ги наречам да ги имаат како предупредување, нека се реализира испитната сесија и со Советот за високо образование да разговараме за различни проблеми. Отворен сум за оваа постапка, да го организираме буџетот, кажа Шакири.

Според него, во ребалансот е предвидено зголемување на платите во високото образование од септември.

Вработените во високото образование најавија протест. Главен проблем се платите и Колективниот договор од лани, кој предвидува зголемување на платите од септември.

За професорите спорен е Колективниот договор, кој предвидува покачување на платата за 10%, а на администрацијата само 1%. Според нив, во последните 15 години во основното и средното образование платите се покачени за 60%, а во високото образование само 20%.