Кризниот штаб на Општина Тетово по синоќешниот состанок побара Општинскиот инспекторат од Тетово да подготви извештај за сите индустриски капацитети, во која категорија припаѓаат (какви елаборати поседуваат) и каде го одлагаат индустрискиот отпад.
-Во меѓувреме, сопствениците по завршување на правното вештачење во најкраток можен рок да го санираат отпадот од пожарот врз основа на еколошки стандарди, велат од Кризниот штаб.
По последните поплавите и пожарот, Кризниот штаб исто така, донесе одлука да се зголеми бројот на вработени во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово како и со потребните средства бидејќи тие се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини. Ова според штабот се наметна со искуствата што ги имаше локалната власта последните денови за санирање на состојбите од поплави и пожар.
-Затоа бараме да има согласност да се зголеми бројот на вработени во ТППЕ како и Владата да ги снабди ТППЕ со потребните средства, со цел во вакви случаи тие да бидат поефикасни и попродуктивни. Исто така бараме да се ангажираат и други работници, но да се донесат и соодветни возила за во случај на други непогоди да немаме проблеми во интервенцијата и да спречиме поголеми трагедии, соопштија од Општина Тетово.
Ќе се бара Влада да помогне за парично обештетување по проценка на штетите предизвикани на физички лица како и на училишни згради и јавна инфраструктура од лошото време што го зафати тетовскиот регион. Од Министерството за животна средина и просторно планирање се бара да провери и да утврди дали е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово – директен пристап до тековните податоци за квалитетот на воздухот, во спротивно носење на мобилен уред за оваа намена.
-Барање до Владата на Северна Македонија да помогне со механизација за чистење (миење) на патишта како и средства за дезинфекција на истите и на објектите оштетени од поплавите во Тетово. Барањата кои произлегуваат како резултат на Заклучоците од состанокот на Кризниот штаб, во текот на наредниот ден, општина Тетово ќе ги упати до Владата, со цел што поскоро да се преземат мерки, информираат од Општина Тетово.
Ќе се распореди стражарска екипа од ТППЕ и СВР Тетово за обезбедување, како и Брза помош на местото кое беше зафатено со пожар во следните 24 часа.
МИА