Струмица повторно беше зафатени со пороен дожд каде во изминатите 24 часа до 8 часот изутрина наврнаа 20 л/м2. Следат Дојран со 3, по еден л/м2 во Крива Паланка, Демир Капија, Виница.
Во текот на ноќта се задржа ведро време со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Денеска не’ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени со УВ=8.