Италијанската тенисерка Камила Џорџи направи изненадување на Ролан Гарос откако ја исфрли Арина Сабаленка, инаку седма тенисерка на планетата, но нејзината бајка во Париз заврши во осминафиналето.
На натпреварот против Касаткина (6:2, 6:2) таа не одигра ни приближно добро како против Сабаленка, а можеби ја вознемири промената на гардеробата нарачана од главниот судија. Џенифер Џанг не била задоволна од спортскиот фустан што го носела Италијанката, па и порачала итно да се пресоблече.
Таа и се јавила и ѝ објаснила дека тоа не е во согласност со правилата, но Камила Џорџи се бранела и рекла дека тоа е единствената опрема што ја земала со себе.
“Нема што да се пресоблечам, ова е мојот единствен фустан. Во него сум играла и претходно на турнирот”, изјавила Камила Џорџи, објаснувајќи дека никој не и се мешал кога носела иста облека против другите противнички, па таа не е јасно како ова одеднаш стана проблем.
Ако многумина мислеа дека проблемот е што фустанот и е прекраток, тоа не е причината поради која судијката интервенираше. Проблемот настанал поради големината на логото на компанијата „De’Longhi“, бидејќи тоа не било според правилата на Ролан Гарос.
Таа на следниот натпревар играше во сосема друга опрема за да не влезе во сличен проблем.
извор и фото: Mondo.rs